Економија, финансии, бизнис

Контакт

Риболовот уште една можност за алтернативeн туризам во Охрид

Риболовот уште една можност за алтернативeн туризам во Охрид

Рекреативните и спортските риболовци од Охрид одржаа работна средба со кандидатот за градоначалник на Охрид ос редовите на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Бакрачески на која го запознаа со проблемите со кои тие се соочуваат и ги слушнаа неговите планови околу можните решенија, насочени кон омасовување на рекреативниот риболов, постигање врвни резултати на спортски план, заштита на рибниот фонд и развивање на рибниот туризам, како дел од алтернативниот туризам.

Риболовците побараа да се искористи Охридското Езеро како голем хидропотенцијал заедно со сливот кој е  идеален за развој на рибарството, а повикаа и на помош за надминување на проблемите и нејаснотии од областа на рибарството, како од локалната самоуправа, така и од централната власт.

„Риболовот и рибарските манифестации во иднина може уште повеќе да напредуват и да станат охридски бренд и директно да придонесат за развој на туризмот, а Охрид постепено од локална да прерасне во балканска и европска позната риболовна дестинација“, сметаат од Здружението.

Слично

Поврзани вести