Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО: Ердоган води, но драматично ја губи поддршката од Турците!

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО: Ердоган води, но драматично ја губи поддршката од Турците!
Денес во Турција се одржаа општи избори за турскиот парламент. Владејачката АК партија, на претседателот Реџеп Tаип Ердоган, драматично ја загуби поддршката од Турците. Не само што не успеаја да го освојат потребното двотретинско мнозинство, но повеќе не може да сметаат ниту на апсолутно мнозинство во Парламентот. АК партијата освои околу 41 отсто од гласовите, и ќе има околу 258 пратеници, најмногу 260. На второ место е лево-ориентирани ЦХП со 25 отсто, или околу 132 пратенички места во парламентот. Трето место е МХП со 16 отсто, или 82 места во парламентот. Резултатите од изборите може да ги следите ТУКА Но, најголемиот пораз Ердоган го доживеа со историското достигнување на прокурдската партија CWS, кој ја освои скоро 13 отсто од гласовите, што е еквивалентно на 78 места во парламентот. Со ова е CWS стана првата про-курдска партија која успеа да го премине исклучително високиот праг за влез во парламентот, кој во Турција е 10 проценти.
557497f9-7f68-4a6d-b5ae-6ba0b0094cfb-slavlje-kurda-izbori-u-turskoj22Слави партијата на Курдите
На изборите во 2011 година, АК партија освои 341 места во парламентот, што значи дека на овие избори ја изгуби најмалку 80 места во парламентот. Вистинското прашање е - што следно. Всушност, Турција за прв пат од 2002 година, би можела да добие коалициска влада.Кога станува збор за коалиција работите се комплицирани, ако се суди по најавите во пресрет на изборите, Ердоган нема многу причини за славење. Прво, затоа што на ЦХП и МХП ја отфрлаат идејата за коалиција со АКП. Уште помалку е веројатно коалиција со прокурдската CWS партија. Ердоган во предизборието велеше дека е тоа "партијата на Ерменците и хомосексуалците", знаејќи дека ако CWS биде застапена во парламентот најмногу пратеници ќе изгуби токму АКП. Важно е да се напомене дека и самиот Ердоган ја отфрлаше секоја опција за коалиција, и тоа за него би било политичка катастрофа. Аналитичарите пред изборите најавува дека во знак на одмазда на Ердоган, дури и дел од Турците,  ќе гласаат за про-курдската партија. Но, освен што го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот, Ердоган е поразен и на едно друго ниво. Всушност, тој од турскиот народ пред изборите бараше двотретинско мнозинство или 367 мандати, со цел да се промени уставот и да се воведе претседателски систем во земјата. Турскиот народ тука одлучно му рече едно големо НЕ.  
Слично

Поврзани вести