Резултати на котираните друштва во првата половина од 2017 година
Согласно Правилата за котација на Македонска берза, котираните друштва имаа обрска да ги објават неревидираните неконсолидирани и консолидирани финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2017 година најдоцна до 31.08.2017 година.
Од објавените податоци за првата половина од 2017 година, може да се констатира дека котираните друштва на Македонска берза остварија нето добивка по оданачување во износ од 4,99 милијарди денари[1] (81,08 мил. Евра) што претставува зголемување во однос на првата половина од 2016 година од 7,47%. Од вкупно 107 котирани друштва, 102 друштва објавија неревидирани финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2017 година, од кои 73 друштва објавија дека оствариле добивка во првата половина од 2017 година наспроти 29 друштвoкои објавија дека работеле со загуба. Вкупно остварената добивка на друштвата кои работеле со добивка во првата половина од 2017 година изнесува 5,57 милијарди денари (90,56 мил. Евра) што споредено со остварените резултати во првата половина од 2016 година претставува зголемување од 10,32%, додека вкупната остварена загуба на котираните друшва изнесува 583 милиони денари (9,48 мил. Евра).
Гледано по сектори, најголема нето добивка остварија друштвата од секторот банкарство со вкупен износ од 2,63 милијарди денари (42,78 мил. Евра) што претставува зголемување од 14,68% споредено со првата половина од 2016 година. Во секторот индустрија 32 друштва остварија добивка додека 10 друштва пријавија загуба, при тоа остварувајќи кумулативна нето добивка од949,9милиони денари (15,43 мил. Евра) штоспоредено со претходната година претставува зголемување од 15,35%. Секторот услуги забележи 13 друштвасо добивка и 7 со загуба, при што пријавена е вкупна добивка од 679,94 милиониденари (11,05 мил. Евра) која споредена со онаа од претходната годинае зголемена за151,82%. Во секторот фармација трите котирани друштва оставарија профит од 405 милиони денари (6,58 мил. Евра) што претставува зголемување од 7,70%. Најголемо намалувањена профитот во првата половина од 2017 година година од 55,46% е забележано кај друштвата од секторот земјоделие кои остварија добивка од 31,08 милиони денари (504,7 илјади евра). Секторот трговија со нафтени деривати забележа намалување на добивката во првата половина од 2017 година од 42,46% споредено со првата половина од 2016 година,со што друштвата остварија вкупен профит од 146,06 милиони денари (2,37 мил. Евра).Секторите градежништво и осигурување остварија намалување на профитот за периодот 01.01.-30.06.2017 споредено со истиот период во 2016 година за 36,25% односно 38,24% респективно, или вкупно остварија добивка од 196,46 милиони денари во секторот градежништво и 82,22 милиони денари во секторот осигурување. Единствено секторот трговија оствари негативен финансиски резултат од 172,84 милиони денари (2,8 милиони евра), во кој од 13 друштва 7 друштва остварија добивка а 6 друштва ја завршија годината со загуба.
Најпрофитабилните 10 котирани друштва на Македонска берза остварија вкупна добивка од 4,6 милијарди денари (74,81 мил. Евра) што претсавува 82,61% од вкупно остварените нето добивки првата половина од 2017 година.
Членките од МБИ10 Индексот остварија вкупна нето добивка од 3,81 милијарди денари (61,97 милиони евра) што претсавува зголемување од 20,06% во однос првата половина од 2016година или 68,43% од вкупно остварените добивки на котитаните друштва.
[1] При пресметката на податоците користени се податоците од консолидираните финансиски извештаи на друштвата кои објавуваат консолидирани финансиски извештаи





