Режисерот Столе Попов предизвика нов скандал – „’Манаки’ е селска манифестација!“
Режисерот Столе Попов, утрово на пресконференцијата посветена на синоќешната премиера на неговиот филм „До балчак“ предизвика уште еден скандал.
Тој отворањето на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го нарече „селска манифестација“, објави ТВ Тера.
Обидувајќи се да го оправда своето однесување на црвениот тепих на фестивалот, каде што предизвика сцена пред главната гостинка Жулиет Бинош, Попов нагласи дека никој него на црвениот тепих не го пречекал, а ниту бил преставен пред оскаровката.
Новинарско прашање – причина за кавгата на црвениот тепих на „Браќа Манаки“
На ваквите коментари од режисерот реагираше директорката на фестивалот Лабина Митевска која побара од Попов да не го нарекува фестивалот селска манифестација, по што следеше остра вербална расправија меѓу неа и режисерот на филмот „До балчак“.
ТВ Тера поседува и видео снимки од нивната кавга, кои ќе ги објавиме кога ќе бидат подготвени.
Слично
