РЕЗЕРВИТЕ СЕ ТРОШАТ: Уште колку злато остана да се ископа во рудниците?
Се верува дека во светот има уште 20 отсто од резервите на злато, кои засега не се ископани од рудниците.
Производството во рудниците за злато лани изнесуваше вкупно 3.531 тони, што е за еден процент помалку од претходната година. Со овие податоци расплага Светскиот совет за злато.
Резервите лоцирани под земја сега се проценуваат на околу 50.000 тони, според Американскиот геолошки институт.
Се проценува дека досега се извлечени приближно 190.000 тони од рудници. Судејќи според овие груби проценки, остануваат уште околу 20 отсто да бидат извадени, пишува BBC.
Цената на златото минатиот месец го достигна максимумот надминувајќи ја границата од 2.000 долари за унца.Поради пандемијата, скокна побарувачката на злато.
Слично
