Резервите на нафта може да се исцрпат уште во 2020 година, цените ќе растат?
Многумина може да не планираат купување на електричен автомобил, но наскоро прашањето за алтернативните горива ќе исплива на дневен ред без можност за одложување.
Според последните проекции на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) резервите на нафта ќе се исцрпат порано од очекуваното и уште по неколку години - до 2020 година, цените на бензинот и дизелот ќе поскапат чувствително, пишува германскиот весник Die Welt.
„Условите на пазарот сега изгледаат значително различни од пред една година“, изјави извршниот директор на ИЕА Фатих Бирол, мислејќи на неодамнешната промена во стратегијата на ОПЕК.
Организацијата на земјите производители на нафта со години бeше настроенa на максимална продукција, за да го задржи пазарниот удел на американските производители на нафта oд шкрилци . Како резултат на тоа глобалните цени на нафтата паднаа до нивоа под 30 долари за барел.
Но со евтинaта нафта е свршено, бидејќи минатата година ОПЕК се согласи да воведе ограничување на производството. Недостатокот значи дека цените на нафтата веќе се зголемуваат значително и во моментов изнесуваат околу 55 долари за барел. Сепак, цените се уште се прилично под врвовите од 125 долари за барел, регистрирани во 2011 година и 2012 година . Зголемувањето на цените се очекува да продолжи и во најскоро време.
