Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕЗЕРВИТЕ НА ГАС ВО ЦРНО МОРЕ СЕ ДОВОЛНИ ЗА СЛЕДНИТЕ 45 ГОДИНИ: Турција со проценка-има 540 милијарди кубни метри

РЕЗЕРВИТЕ НА ГАС ВО ЦРНО МОРЕ СЕ ДОВОЛНИ ЗА СЛЕДНИТЕ 45 ГОДИНИ: Турција со проценка-има 540 милијарди кубни метри

Резервите на синиот енергенс во Црното Море се доволни за покривање на светската побарувачка за природен гас за 45 години, изјави денеска вицепремиерот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), поранешниот премиер Бинали Јилдирим.

- Резервите на природен гас во Црното Море се проценуваат на 540 милијарди кубни метри. Ова е само почеток, ќе има и продолжение. Црното Море е во состојба да ги покрие потребите на светот за гас за 45 години, изјави Јилдирим, пренесува турскиот портал Сочу.

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез во интервју за магазинот Критер изјави дека ова гасно полето се планира да започне со работа на почетокот на 2023 година и дека дневното производство на гас ќе се зголеми на 40 милиони кубни метри.

- Имаме намера да започнеме со производство на гас, најверојатно во првиот квартал од следната година. Во почетната фаза производството на гас ќе биде 10 милиони кубни метри дневно, за три до четири години планираме да го зголемиме обемот на 40 милиони кубни метри дневно, односно да расте и годишниот обем на производство на гас, рече министерот.

ФОТО: EPA/ERDEM SAHIN

Слично

Поврзани вести