Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕЗЕРВИ НА ЗЛАТО: Колку поседуваат земјите во светот, а колку Македонија?

РЕЗЕРВИ НА ЗЛАТО: Колку поседуваат земјите во светот, а колку Македонија?

Златните резерви во светот изнесуваат над 32.700 тони на почетокот на февруари 2016 година, според официјалните податоци на Светскиот совет за злато. Уделот на еврозоната (заедно со ЕЦБ) изнесува 10.788 тони од вкупната количина.

Водечките 10 земји во златни резерви во светот поседуваат вкупно над 22.500 тони злато или над 68% од вкупните резерви.

Првото место на листата е за САД, чии златни резерви изнесуваат 8.133 тони и сочинуваат над 72% од резерви во странска валута.

Првите три на листата се оформуваат од Германија, која го зазема второто место со 3.381 тони и една финансиска институција -Меѓународниот монетарен фонд, кој е на третата позиција со 2. 814 тони.

Над 2.00 тони златни резерви имаат Италија (2.451 тони) и Франција (2.435 тони), кои се рангираат на четвртото и петтото место, соодветно.  Со над 1.000 тони златни резерви можат да се пофалат Кина (1.762 тони), Русија (1.392 тони) и Швајцарија (1.040 тони), кои се шестото, седмото и осмото место на листата.

Првите десет се дополнуваат со Јапонија и Холандија. Златните резрви на Јапонија изнесуваат 765 тони, додека оние на Холандија се во износ од 612 тони. Ако ММФ не се вклучува во оваа листа десетото место би било за Индија, чии златни резерви изнесуваат 557 тони.

Македонија пак има 6,8 тони златни резерви.

(Извор:Емагазин)

Слично

Поврзани вести