Економија, финансии, бизнис

Контакт

Резервациите во последен момент на пат да ја спасат сезоната во Грција

Резервациите во последен момент на пат да ја спасат сезоната во Грција

По разочарувачките податоци за првото полугодие јули конечно ја враќа надежта на грчките хотелиери, пишува „Катимерини“. Сезоната може може да биде спасена од странските туристи и резервации направени во последен момент, покажуваат податоците на индустријата.

Во Крит на пример пристигнатитте туристи се со 12% повеќе во однос на јули 2015 година. Само на 17 јули на аеродромот во главниот град на островот пристигнале рекордни 52 илјади туристи. Статистиката покажува дека туристите се од сите главни пазари - Германија, Велика Британија, Франција и Русија.

Во Крф растот на странските туристи е од 13,5% на годишна основа. За зголемување на посетителите објавија уште и властите во Родос.

Во првите месеци од годината туристичкиот сектор во Грција страдаше од голем број на проблеми - бегалската криза, актуелната капитална контрола и високите даноци. Раните резервации не даваа надеж дека очекувањата за рекордни приходи ова лето ќе се остварат. Сега сепак позитивизмот се враќа. Поддршка даваат и податоците за раст на туристо пристигнтаи во Грција и преку копнен транспорт.

Според анализи на Асоцијацијата на грчки туристички претпријатија (SETE) ова лето приходите од туризмот можат да надминуваат 15 милијарди евра. Минатата година тие беа над 13 милијарди евра. 26,1 милиони луѓе го посетија нашиот сосед во 2015 година.

Нервозите поврзани со зголемените даноци во Грција, остануваат. Засега во секторот внимателно се следат и случувањата во Турција со надеж нестабилноста таму да не ги исплаши туристите.

Слично

Поврзани вести