РЕВОЛУЦИЈА ВО ПОДЕМ: Дали биткоинот е злато на 21 век?
„Пич Авиејшен“ ќе биде прва јапонска воздухопловна компанија која ќе прифати плаќање на авионски карти со биткоин.
Компанијата оваа одлука ја донела со цел да привлече што повеќе туристи од другите делови на Азија, јави Блумберг.
Почнувајќи од крајот на 2017 година, оваа критовалута ќе може да се користи за резервација на карти, соопштила оваа авиокомпанија, додавајќи дека промената на јапонскиот закон за платна промена од април и олеснила на компанијата да се одлучи на таков потег.
Овој авио превозник исто така наведува дека планира да го зајакне поврзувањето со локалните власти и регионални компании како би помогнала за ширење на употребата на дигиталната валута.
Популарноста на биткоинот е во залет бидејќи дигиталниот систем на плаќање им овозможува на корисниците ширум светот директно да извршуваат трансакции без посредници, влада, регулатори, или централни банки, додава Блумберг.
Летонската авио компанија erBaltik речиси пред три години најави дека ќе почне да прифаќа плаќање со биткоин, бидејќи се посветува на клиентите.
Оваа електронска валута достигнала рекордни 2.187,78 долари, тргувајќи се за околу 70 отсто над цената за унц злато, според податоци кои ги собрал Блумберг.
