Економија, финансии, бизнис

Контакт

Револтираните граѓани стигнаа до Канцеларијата на Иванов

Револтираните граѓани стигнаа до Канцеларијата на Иванов
Граѓаните кои попладнево спонтано излегоа на протест, заради одлуката за аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов, стигнаа со неговата канцеларија. Стотици демонстранти сега се наоѓаат пред канцеларијата на Иванов во центарот на Скопје и фрлаа со јајца. Ивикуваат „Нема правда, нема мир“ и „Мафија во робија“, а канцеларија на Иванов е под силно полициско обезбедување. Протестот станува се помасовен, но е мирен. Граѓаните сметаат дека по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да се аболицираат сите политичари, постои сериозна можност да се изврши удар врз специјалното обвинителство и тоа да биде укинато.
Слично

Поврзани вести