РЕВОЛТ: Затвореници почнуваат штрајк!
Одлуката на претседателот Иванов кој помилува околу 200 осудени лица резултираше со револт кај затворениците.
Имено, поради оваа одлука тие најавија штрајк во затворите, секој ден од 14 до 18 часот, а нивните семејства во знак на поддршка ќе постават шатори пред затворите.
Осудените лица велат дека оваа одлука ја донеле бидејќи во затворите се уште лежат невини луѓе или такви кои не направиле кривични дела додека Иванов помилувал педофили, силувачи и убијци.
Како дополнителна причина ги наведуваат и лошите и нечовечки услови во затворите,и бараат да се донесе Закон за амнестија по итна постапка.
Слично
