РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ: Хаос во поделбата на легла, се спие во кујни и руинирани соби!
Студентските домови тонат во долгови, тековните приходи не можат да ги покријат расхдоите, поради што била испратени и бројни дописи до Министерството за образование. Освен за овој проблем, студентските домови барале и ревидирање на сегашните цени за сместување и исхрана, кои не биле променети во последните десет години. И покрај зафатите за подобрување на условите за студентите, и натаму дел од државните студентски домови не ги задоволуваат условите за домување. Ова се дел од наодите на Државниот ревизор по спроведената ревизија во некои од државни студентски домови, меѓу кои : “Скопје“ - Скопје, “Пелагонија“- Скопје, “Кочо Рацин“- Битола, “Никола Карев“ – Охрид.
Студентските домови во долгови, студентите во рунирани соби!
Објектите во кои се сместени студентските домови се стари по 10, 30 па дури и 50 години. Иако во изминатиот период нивното оддржување е проследено со вложување на пари, сепак, состојбата во дел од државните студентски домови не ги задоволува условите за домување, констатира државниот ревизор.
“Постои потреба од реконструкција и санација на санитарните чворови кои се наоѓаат во лоша состојба, комплетна инсталација за ладна и топла вода, во дел потреба од комплетна нивна промена. Постои потреба од промена и реконструкција на електричната инсталација која е доста стара и не ги задоволува потребите за современото живеење, односно можностите за приклучок на дополнителни уреди во собите“, се констатира во ревизорскиот наод.
Исто така, според ревизорите било утврдено дека дури е потребно да се промени кровото и кровната консрукција кај дел од државните студентски домови, во кои вратите и прозорците биле стари и по три децении. Ревизорот ги нотира и проблемите со лифтовите.
“Потребно е да се прави редовна поправка и сервисрање на лифтовите поради безбедноста на студентите и на вработените.
Додека дел од државните студентски домови не можат да обезбедат соодветни услови за студентите, финансиските сметки и натаму се со дупки.
Така, податоците покажуваат дека во 2013 е регистриран пораст на неподмирените обврски на студентските домови, што е резултат на слабата финанасиска кондиција за редовна исплата на долговите,
“Во текот на 2013 та и 2014 та година ДСД “Скопје“ од Скопје доставил голем број на барања, односно дописи до МОН во кои известува за состојбата и проблемите во кои се наоѓа студенстскиот дом како и потребата од средства со цел подмирување на долговите кои што ги има за комунални услуги и трошоците за тековно работење“, оценуваат ревизорите.
Така, според објавените податоци, студентскиот дом “Скопје“ имал 4,4 милиони евра долг по основ на неподмирени обврски, домот за студенти “Пелегонија“ должел нешто повеќе од 400 илајди евра, студентскиот дом “Кочо Рацин“ имал неплатени обврски од 51 илјада евра а домот “Никола Карев“ од Охрид должел 34 илајди евра.
“Ваквата состојба влијае врз тековното функционирање на државните студентски домови и оневозможува подобрување на квалитетот на услугите за сместување“, оценува ревизијата.
Како се делеле собите во студентските домови ....
Ревизорскитот извештај, кој го опфаќа периодот на објавенки конкурси за сместување во академската 2012/2013 та година и 2013/2014 та година, биле регистриранаи серија на прпусти и недоследности.
Така, меѓу спорните нотирани забелешки се конечните ранг листи на примени студенти.
“Доставените конечни ранг листи не нудат информација за бројот на освоени бодови за секој кандидат поединечно согласно критериумите од Правилникот за начинот и постапката за прием на студенти, на кој начин би се потврдило доделеното место“, посочува ревизорот.
Во извештајот се посочува:
“Утврдена е и разлика во бројот на доделени легла, согласно извештајот на комисијата, во однос на бројот на студенти од конечната листа во орагнизационата единица “Стив Наумов“. Согласно извештајот бројот на примени студенти е 1 035, додека согласно конечните листи бројот е 1 054 студенти“, се вели во ревизорскиот извештај.
Ваква состојба била регистрирана и во студентскиот дом “Томе Стефановски-Сениќ“ и “Гоце Делчев“ во Скопје.
Иако во согласност со правилниците, студентските домови требале во ковота од 20% да примат и студенти-бруцоши, дел од нив тоа или воопшто не го правеле или го правеле во мал процент,
“Комисијата во ДСД “Скопје“ примила вкупно 225 студенти, бруцоши што претставува 7% од вкупните сместувачки капацитети, а студентските домови “Гоце Делчев“ и “Кузман Јосифовски-Питу“ воопшто не примиле бруцоши иако располагаат со 1 704 легла.“, заклучува ревизорот за академската 2012/2013 та година.
Со почетокот на академската 2013/2014 та година, по препораките, ревизорот констира подобрување, но сепак има и недостатоци, па така дел од комисиите за прием на студенти во студентските домови немаат изработено конечни ранг листи во кои ќе бидат сумирани резултатите. И во академската 2013/2014 та година ревизијата ја констатира состојбата на отстапување на бројот на легла во споредба со претходната година.
“Станува збор за непријавени легла поради отсуство на елемнтарни услови за сместување на студенти ( остави, чајни кујни, читални), чија намена не е сместување на студенти но истите со минимална преадаптација биле искористени за таа намена“, оценува ревизорот кој смета дека МОН треба да размисли за можноста за распишување на отворен конкурс за прием на студенти.
Став на Министерството за образование...
По објавениот ревизорски извештај Министрството за образование се обратило со одговор, во кој меѓу другото се вели дека министерството во текот на оваа година планира да превземе серија на активности за изработка на анализа заради утврдување на реалната состојба во студентските домови.
“Активностите за донесување на преостанатите подзаконски акти согласно Законот за студнтскиот стандард, ќе се реализираат. До крајот на јануари 2015 та година ќе се достават известувања до сите студентски домови за планираните средства од Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2015 та и истите ќе се достват на увид.Во текот на оваа година министрството во соработка со студентските домови ќе превземе мерки и активности за унифицирање на целокпупната подзаконска регулатива“, се вели во одговорот на МОН.
Р.Ф.
Слично
