Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ревизијата констатира низа неправилности во работењето на ЈП „Улици и Патишта“

Ревизијата констатира низа неправилности во работењето на ЈП „Улици и Патишта“

Хаос во работењето на јавното претријатие „Улици и патишта“ констатира Државиот завод за ревизија. Во ревизорскиот извештај, што се однесува на работата на ова јавно претпријатие под раководство на директорот Синиша Ивановски , констатирани се низа забелешки.

Забелешките на ревизорите одат од таму што во магацинот не се евидентирал приемот и издавањето на материјалите на Улици и патишта, потоа вработените биле ставени во нееднаква положба со тоа што не за исто работно место се давала различна плата, основачкиот влог на претпријатието не е впишан во Централен регистар, навремено не се поднеле и тужби за одредени побараувања.

Ревизорите направиле тест за да видат како функционира внатрешната контрола во делот на евиденција на  приемот и издавање на материјалите, резервните делови, автогуми и гориво на ЈП Улици и патишта. Во тестот на ревзиортите се покажало дека залихите во магацинот не се означени и тешко се идентификуваа што создава потешкотиии при вршење на физички попис. Исто така, издавањето на одредени материјали, резрвни делови и автогуми не се евидентира во временскиот период во кој настанала промената.

Понатаму, се констатира дека  со извршениот увид во начинот на пресметка и исплата на плати и надоместоци за 2015 година, вработените биле ставени во нерамноправна положба.

„За исто работно место, работни задачи и обврски земаат различна плата, наведуваат ревизорите.

Јавното претпријатие не го известувало ниту Државниот инспекторат на трудот за секое воведување на прекувремена работа, работа на државен празник и ноќна работа. 


Слично

Поврзани вести