Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕВИЗИЈА ВО АНТИ-КОРУПЦИСКА КОМИСИЈА: Како се менаџирале финансиите?

РЕВИЗИЈА ВО АНТИ-КОРУПЦИСКА КОМИСИЈА: Како се менаџирале финансиите?
Иако требало да има надлежни лица за вршење на работите од областа на финансиите и контролата, државната ревизија констатирала дека според систематизацијата во Државната комисија за спречување на корупцијата, тие работни места биле празни. За време на ревизијата било утврдено дека има пропусти и со пописот на средствата во ДКСК. Наоди и препораки на ревизорот... Во согласност со организациската поставеност, во ДКСК е предвидено да постои Одделение за финансиски прашања, кое треба да биде надлежно за вршење на работите од областа на финансиското работење и контрола. Иако било предвидено во ова одделение да работат пет лица, местата сеуште во 2013 та година биле празни, односно непополнети. “Констатиравме дека истите не се пополнети и заклучно со 2013 ДКСК нема побарано согласност за вработување. Во текот на 2014 та година до Министерството за финанасии доставено е барање за вработување на раководител на одделението за финансиски прашања и советник за буџетска контрола. До денот на вршење на ревизијата не е добиен одговор“, се посочува во ревизорскиот извештај. Во отсуство на вработени, голем дел од надлежностите на одделението за финансиски прашања ги вршат вработени кои биле овластени од ДКСК за тоа. “Ваквата состојба создава ризик одредени задачи да се извршуваат од вработени, чиј вид на образование и работно искуство во структурата не соодветствува со барањата за соодветни работни места согласно актот за систематизација на работните места во ДКСК“, оценува ревизорот. По нацрт-извештајот на ревизорот, Државната комисија за спречување на корупција, обезбедила пари за вработување на финансиски раководител и советник за буџетска контрола, по што почнала и постапката з авработување. Јавните набавни во ДКСК ги врши едно лице кое има потврда за работа од со јавни набавки издадена по спроведена обука. “Поради отсуство на интерен акт со кој ќе се дефинираат активностите за планирање, организирање и реализирање на постапките за јавни набавки, во текот на вршење на ревизијата донесена е процедура за спроведување на постапка за јавни набавки“, с епосочува во наодите на ревизорот. Ревизијата констатира дека во делот на јавните набавки не биле констатирани отстапувања во делот на почитување на законските прописи. Од друга страна, во текот кога се вршени ревизорските контроли Дирекцијата донела Процедура за управување со влезните фактури и Процедура за исплата на трошоци во кои било предвидено разграничувањето на овластувањата и одговорностите, односно при секоја финансиска активност биле предвидена поделба на должностите. Ревизијата исто така констатирала дека ДКСК работела без интерен акт за вршење на попис на средствата и изворите на средствата. Рководството на ДКСК ја донеслот Процедурата за спроведување на постапката за на попис на средствата во текот на постапката за ревизија. Во исто време, пописните листи за извршениот попис содржеле само податоци за количината но и не и за вредноста за секое средство со што, според ревизорот, е отежнато усогласувањето ан фактичката со сметководствената состојба. “Наведените состојби упатуваат на присуство на ризици во делот на активностите за извршување на пописот, што може да влијае при финансиското известување, односно искажувањето и потврдувањето на позициите во Билансот на состојба на ден 31.12.2013.“, посочува ревизорот. По Извештајот на државниот ревизор, регираше Комисијата за спречување на корупција, која во дописот до ревизорот напиша: “Државната комисија за спречување на корупција ве известува дека, како во текот на вршење на ревизијата, така и по завршување на истата, превзема активности за спроведување на препораките“. ДКСК го информира ревизорот дека постапила по две препораки, прво дека се обезбедени финансиски средства за вработување на два државни службеници во делот на финансиите и второ дека е усвоена Годишната програма за обука на државни службеници во 2015 та година. Периодот кој беше опфатен со ревизијата на успешност е 2013 та година и 2014 та година. К.К.
Слично

Поврзани вести