Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ревизија ќе „упаѓа“ во дирекцијата за слободни економски зони

Ревизија ќе „упаѓа“ во дирекцијата за слободни економски зони

Ревизија што сами ќе си ја платат ќе влезе во Дирекцијата за слободни економски зони да ги испита ад-хок субвенциите што се давани на странски инвеститори во слободните економски зони. Оваа дирекција заедно со Агенцијата за економска промоција во странство се двете независни тела кои имаат за задача да привлекуваат странски иневстиции и да даваат техничка поддршка.

Дирекцијата за технолошки индустриски и развојни зони распиша тендер преку кој бара ревизорска куќа која ќе ја чешла работата на оваа институција за 2017 година. Вредноста на тендерот е 11 илјади евра, а ревизијата треба да утврди дали постојат евентуални пропусти во исплатата на државна помош за фирмите кои се активни во слободните економски зоните низ земјава, објави Алсат.

Дополнително ревизорите треба да дадат мислење дали спроведените јавни набавки се согласно законските прописи, а ќе се проверуваат сите тендерски постапки за ланската година.


Слично

Поврзани вести