Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ревизија, дислокација или пукање во празно за Скопје 2014?

Ревизија, дислокација или пукање во празно за Скопје 2014?
Најавената ревизија на проектот Скопје 2014 ќе ја покаже и можната оправданост за реферндум за дислокација на одредени споменици сметаат експертите. Добро е што Андреј Жерновски повторно најавува ревизија на проектот и што конечно ќе почне, иако, не ми е јасно зошто му се потребни шест месеци, праша  Никола Груевски, премиерот на Република Македонија, реагирајќи на најавата на Градоначалникот на Центар за почеток на ревизијата на големиот проект. Според Груевски ревизијата за 40-ина јавни набавки, од кои најголемиот дел, какошто рече се споменици, и за кои ја има неопходната документација, може да се заврши за неколку дена, а максимум за две недели доколку ја работи само еден човек. „Еден месец зборува дека ќе прави ревизија и се уште не ја спроведе. Би бил среќен што побрзо да ја направи за да се види дека нема ништо од сите обвинувања што доаѓаа од него и од целата опозиција“, рече Груевски и додаде дека по ревизијата се надева дека Жерновски ќе има доблест да се извини за се што говорел досега. „Очигледно си бара алиби дека во идниот период нешто ќе работи, а всушност тоа е алиби за неговото неработење и неправење конкретни дела за општината што се неопходни за граѓаните“, изјави премиерот Груевски Кој ќе ја спроведува ревизијата? Претходно денеска Жерновски ја најави комисијата за ревизија, која за 90 дена треба да ги соопшти  прелиминарните резултати. Според него, за шест месеци треба да биде готов и комплетниот извештај. Членови на Комисијата се поранешни претседатели на Комисијата за спречување на корупцијата, Слаѓана Тасева и Драган Малиновски. Ревизијата  ќе се одвива на три нивоа. Освен Комисијата, во понеделник Жерновски ќе го повика Државниот завод за ревизија да влезе и да направи контрола  на проектот „Скопје 2014“ во делот на општинатa,  а ќе биде ангажирана и реномирана ревизорска куќа. „Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, како поранешни претседатели на Антикорупциската комисија и непартиски луѓе се гаранција за фер и непристрасна ревизија. Ова беше и едно од моите централни ветувања во предизборието, дека ќе се направи ревизија. Ова не го правам поради политички реваншизам, туку поради транспарентност и отчетност, бидејќи граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Сите податоци околу текот на ревизијата ќе им бидат достапни на јавноста и граѓаните“, рече градоначалникот Андреј Жерновски. „Ќе работиме врз основа на документите, ќе има апсолутна транспарентност. Во секој момент ќе може да знаете што работиме“, рече  Тасева. „Во изминатиот период граѓаните беа хендикепирани, бидејќи немаа информации колку пари и како се трошени парите за проектот „Скопје 2014“. Ова е обид за повторно воспоставување на транспарентноста. Ние нема да санкционираме, туку ќе ја констатираме состојбата“, рече  Драган Малиновски. СКОПЈЕ 2014 208 милиони евра? Проектот „Скопје 2014“  засега чини речиси 208 милиони евра, отчетот на Министерката за култура и екс градоначалникот. Според првичните најави од пред пет години„Скопје 2014“ требаше да чини околу 80 милиони евра. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска се правдаше дека цената е речиси тројно поголема поради фактот што дел од објектите воопшто не биле ставени во првичниот план, туку подоцна било решено тие да се градат. „Оваа собрана сума сега од 207.872.492 евра е надоградување, проширување на првичната визуелизација, но не се 500 милиони или една милијарда евра, како што се слуша во средствата за јавно информирање. Тие шпекулации воопшто не држат и не се релевантни и вистинити и затоа се кажуваме прецизно, со склучени договори“, изјави Канческа-Милевска неодамна за време на маратонската пред конференција на која друштво и правеше и Владимир Тодоровиќ, екс градоначалникот на општина Центар. Еве колку пари се трошеа за поединечните објекти Во денешниот отчет беа презентирани сумите за објектите кои се дел од „Скопје 2014“. За 33 скулптури  Министерството за култура инвестирало вкупно 885.882 евра, скулптурата „Три врби“ чинела  270.188 евра и „Порта Македонија“ – 5.192.364 евра. За Музејот на македонската борба се исплатени 13.346.969 евра, Стариот скопски театар, кој се уште не е завршен ќе чини  36.846.520 евра, Филхармонијата 7.410.130 евра, а ентериерот и музејска поставка на Археолошкиот музеј чинат 8.174.496 евра. Тодоровиќ пак ги презентираше трошоците за спомен-обележјата во Центар, во кои влегуваат и авторски хонорари, трошоци за одржување. Нивната вкупна вредност е околу  55 милиони евра. Само за „Коњаникот“  на плоштад  на име авторски хонорар 649.000 евра добила авторката Валентина Стевановска. Вкупната сума за споменикот со фонтаните рипнала до 10,49 милиони евра. „Ние не се плашиме од никаква ревизија и како Министерство за култура сами побаравме од Државниот завод за ревизија да ги испита трошењата. Сето ова што транспарентно го даваме пред јавноста е спроведено од надлежните институции во Министерството“, рече Канческа-Милевска која додаде дека „Скопје 2014“ е потреба и неопходност. Опозицијата претходно обвинин дека со анекси на постојните договори сумата за Скопје 2014 е многу поголема не само од првичните 80 милиони евра, туку и од овие 208 милиони евра за кои сега зборува Владата. Жерновски најави и распишување референдум со можност за дислокација на одредени споменици. Ј.С.  
Слично

Поврзани вести