Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕВИЗИЈА: Дали граѓаните треба да плаќаат такса од 50 денари во Катастарот?

РЕВИЗИЈА: Дали граѓаните треба да плаќаат такса од 50 денари во Катастарот?
Државниот ревизор бара автентично толкување на одредбите од Законот за административни такси за услугите кои ги дава Агенцијата за катастар на недвижности. Ревизорите бараат да прецизен одговор дали граѓаните треба да плаќаат такса од 50 денари за услугите во Агенцијата за катастар на недвижности. Ваквото барање е наведено во ревизорскиот извештај за работата на Агенцијата, бидејќи е констатирано дека има различни толкувања околу тоа дали треба или не треба да се плаќаат такси од 50 денари за вршење на услугите и користење на податоците од катастарот на недвижности и катастарот на земјиште. Недоразбирањето произлегува бидејќи согласно одредбите од Законот за катастар на недвижности, Агенцијата со посебни тарифници ја регулира висината на насдоместоците кои ги плаќаат корисниците за вршење на услугите и користење на податоците од катастарот на недвижности и катастарско земјиште. При поднесување на барањата/пријавите за вршење на услуги и користење на податоците, корисниците, покрај наведените надоместоци, плаќаат и административна такса согласно одредбите од Законот за административна такса и Тарифата на административните такси каде е регулирано дека за барања, молби, предлози, пријави, и други поднесоци превидено е да се плаќа такса од 50 денари. Имајќи ги во предвид одредбите од членот 20 од Законот за администартивни такси каде е утврдено дека:
...„За вршење на услугите и користење на податоците од катастарот на недвижности и катастарот на земјиште не се наплатуваат администартивни такси пропишани со тарифа за административни такси“
 Агенцијата побарала мислење од Министерството за финансии за постапување во однос на наплатата на административните такси. Надлежното министерство возвратило дека :
...„Одредбите од тарифниот број 1 се општи одредби и се задолжителни за секое лице кое заради користење на некоја услуга или добивање на списи ќе поднесе барање, молба, предлог или пријава и други поднесоци до органите на на државната управа или општинската администарција е обврзано да плати администаривна такса од 50 денари согласно Законот“
Инаку, според годишниот извештај за работата на Агенцијата за катастар на недвижности, бројот на примени предмети во 2012 година изнесува 1.027.282 и доколку за сите нив Агенцијата наплатила такса по 50 денари, би биле остврени приходи од 835 илјади евра, намалено за предметите за кои се постапува по службена должност и за кои не се наплаќаат надоместоци и такса. Во текот на 2012 година Агенцијата за катастар на недвижности остварила приходи од 6 милиони евра од наплата на надоместоци, од кои 66% се од надоместоци за користење и увид во податоците на ГИС системот , запишување права во катастарот, издавање имотни листови, потврда и сл. Најголем процент од вкупно решените предмети во Катастарот отпаѓаат на издавање на имотни и евидентни листови - односно 57%. Ревизорите имаат и забелешка во која наведуваат дека во однос на регуларноста на надоместоците што Агенцијата ги наплаќа:
„Платените надоместоци се во износи кои не соодвествуваат на износите предвидени со тарифниците за бараната услуга“
  С.Н.
Слично

Поврзани вести