Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рецептот на Борисов за стабилен Балкан – сите држави да влезат во ЕУ и НАТО

Рецептот на Борисов за стабилен Балкан – сите држави да влезат во ЕУ и НАТО

Премиерот Бојко Борисов ги повика сите држави на Балканот да се приклучат кон НАТО и Европската унија (ЕУ), бидејќи само тоа ќе ја донесе потребната безбедност во регионот.

По средбата со премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, Борисов изразил надеж дека земјата ќе влезе во НАТО до крајот на 2015 година.

Колку повеќе држави побрзо го изминуваат овој пат, толку подобро за нас, коментирал премиерот на Бугарија.

„Точно е дека при инаугурацијата на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, тој изјавил дека нема да има прием на нови членови, но јас сум убеден дека Црна Гора е целосно подготвена за НАТО и треба да ја добие потребната поддршка“, посочил Борисов.

Борисов соопштил дека бил информиран од премиерот на Црна Гора дека се затворени две преговарачки поглавја од пристапната програма кон ЕУ и работат за до 2016 година да затворат уште шест.

„Разгледавме многу од прашањата кои се од взаемно значење и во областа на културата, енергетика, особено туризмот - можноста да се разменат туристи, инфраструктурата. Работи кои се исклучително важни“, изјавил Борисов.

Слично

Поврзани вести