Економија, финансии, бизнис

Контакт

(РЕЦЕПТ) Шампонот со сода бикарбона може да ви ја спаси косата

(РЕЦЕПТ) Шампонот со сода бикарбона може да ви ја спаси косата

Сода бикарбона наоѓа широка примена во домаќинството и домашната козметика, како и во кујната. За да го подобрите видот и состојбата на косата, можете да ја користите како замена на шампонот. Во почетокот ќе ви е чудно, заштоа што сите сме навикнати да ја мијеме косата со производ кој прави пена. Но, ако ја пробате еднаш, ќе се убедите во резултатот.

За да ја постигнете целта измешајте 3 литри вода со 1 пакување сода бикарбона. Ако косата ви е кратка, околу 1 лажица сода е доволна. За коса со должина до рамена користете 2-3 лажици со три пати повеќе вода. Истурете ја готовата смеса во шише, кое може да го користите полесно.

При миење - натопете ја косата и нанесете од производот од коренот до врвовите на влакната. Оставете да отстои 3 минути. Потоа измијте ја косата со топла вода. Потоа за крај можете да ја натопите водата со јаболков оцет, растворен во вода. Односот помеѓу оцетот и вода е 1: 4. Ако мирисот на оцет ви смета (иако тој брзо испарува), додадете неколку капки етерично масло - од рузмарин, лаванда, нане. Наведнете ја главата наназад кога ја нанесувате оцетната вода, за да не ви влезе во очи.

Овие процедури ќе ви го исчистат темето од секакви нечистотии и покриени материи од козметичките производи. Во почетокот можете да користите една лажичка сода во шампонот. А по некое време ќе може да преминете кон горенаведениот рецепт.

Еве и еден одлична рецепт за тие што ја губат својата косата и имаат огромен проблем со опаѓање. Кај тешките форми применувајте 1-2 пати неделно, со што ќе ја оставите да отстои 2-4 часа.

Измешајте 2 лажици рицинус, 1 лажица мед и 1 жолчка од јајце. Промешајте добро. Се нанесува главно во корените.

Слично

Поврзани вести