Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ресторанот на заменик министерката Зеколи Шаќири заработил само 100.000 евра, иако е полн со гости

Ресторанот на заменик министерката Зеколи Шаќири заработил само 100.000 евра, иако е полн со гости

Ресторан и кафе барот на заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири во Скопје Север остварил приходи од само 100-тина илјади евра во текот на минатата година, иако станува збор за еден од најпопуларните угостителски објекти во општина Бутел.

Фирмата „Неар 2015“ која како подружница го поседува 1Sh lounge Bar во близина на „Порше Македонија“ во 2024 прикажува приход од 6.192.279 денари и пад на прометот од 65 отсто. Истовремено, прикажаниот расход е повеќе од двојно поголем - 14.358.271 денари. Минатата година биле пријавени 12 работници.

Од мај Зеколи Шаќири формално повеќе не е сопственик на ланч барот, а нејзиниот 50-отстотен удел го презема актуелниот менаџер Сабир Шабани. Останатата половина од фирмата е во сопственост на извесен Недим Рама од Чаир. 

Името на вториот сопственик од август 2024 фигурира како посебен советник за економски прашања на министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити.

Зеколи Шаќири е поранешна асистентка на Тетовскиот универзитет и портпарол во Општина Чаир. Во нејзина сегашна сопственост е и фирмата Павиман Компани, која претходно добивала тендери од општина Чаир за набавка на урбана опрема како клупи и корпи додека Зеколи Шаќири во тоа време била универзитетски асистент и друштвото не било на нејзино име.

Од Левица изминатиот период реагираа дека од општина Чаир биле исплатени околу 9.000 евра за услуги од ресторанот на заменик министерка додека таа била на функција.

А.К.

Слично

Поврзани вести