Рестартиран Југохром, вклучени две печки
Фабриката Југохром од Јегуновце денеска почна да работи со вклучување на две печки.
Генералниот директор на Југохром, Васко Скендеровски кажа дека согласно нивната одлука донесена при крајот на декември, фабриката привремено ја запре својата работа за почист воздух. Југохром не работеше во текот на јануари и февруари.
„Се докажа нашето тврдење дека Југохром не е единиствениот, а уште повеќе најголемиот загадувач на воздухот во регионот, така што по изминување на двата месеци го рестартиравме производството со вклучување на две печки со вкупна моќност од 25 мегавати. Постепено ќе продолжиме и со враќање на работниците на работа и сегашната бројка изнесува на 400 работници. Се планира и враќање на другите работници откако ќе следи вклучување и на другите печки и достигнување на максимално дозволената моќност од 50 мегавати“-вели Скендеровски.
Со рестартирањето ќе продолжи и поставувањето на системот за отпрашување, кој треба да биде готов до крајот на октомври годинава.
Слично
