Економија, финансии, бизнис

Контакт

Решил математички проблем стар со векови, па заработил богатство

Решил математички проблем стар со векови, па заработил богатство

Британскиот професор Ендру Вајлс од Оксфорд успеал да реши математички проблем стар повеќе од 300 години.  Се работи за „ Ферматовата последна теорема" во која се бара решение со цел број за равенката xn + yn = zn кога n е поголем од 2“.

Професорот Вајлс проблемот го решил уште во 90-те, а оваа недела ја добир наградата Абел и 700.000 долари. Станува збор за награда која често пати се нарекува математички Оскар.

„Ова е огромна чест. Равенката ми беше страст уште од рана возраст, а нејзиното решавање ми даде големо чувство на исполнетост“, изјави професорот Вајлс.

„Отсекогаш се надевав дека моето решение на овој проблем ќе инспирира многу млади луѓе кои се занимаваат со математика. Се надевав дека ќе им биде поттик да работат на многу предизвици на овој прекрасен и фасцинантен предмет“.

Наградата беше доделена од норвешката академија на науките, а официјалната церемонија ќе се случи во Норвешка, во мај.

Ова е еден од ретките математичари, ако не и единствениот, чијшто доказ ги наполни интернационалните вести“, вели Абел комитетот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/1BSFyEIY2BY[/embed]
Слично

Поврзани вести