Решенија за паричен надомест добија дел од стечајците од Дебар
Тринаесет поранешни работници на Tекстилниот комбинат „Новост“ и погонот на Охридски ЕМО во Дебар, Во рамките на остварувањето право на паричен надоместок на стечајните работнции од претпријатијата во доминантна државна сопственост, деновиве добија решенија.
Раководителот на Бирото за вработувањ во Дебар Афет Авмедоски, посочува дека станува збор за правото на паричен надоместок во износ од 7.100 денари кое го оствариле 13 поранешни работници на споменатите фирми, кои имаат статус на невработени. Тоа се лица од општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива Бирото.
- За остварување на ова право аплицираа повеќе од 40 поранешни работници на споменатите фирми, но тие сеуште се во фаза на обработка, по што ќе се знае точната бројка на стечајните работници кои ќе го остварат ова право. Секако, оние кои ќе добијат негативно решение ќе имаат право на жалба, вели Авмедоски.
Правото на стечаен надоместок овие работници ќе го оставруваат до пензија.
Слично
