Решавање на стечајците или предизборна манипулација?
Владата ќе го решава проблемот на стечајните работници. На вчерашната седница било одлучено да донесе и законски измени за материјално обезбедување на лицата кои останале невработени или технолошки вишок и по 2004 година, односно до 31 декември 2013 година, од државни фирми или од фирми со доминатна државна сопственост. Со ваквото, решение најавуваат дека ќе се реши проблемот на околу 3.000 лица. Тие ќе добијат по најмалку 7.100 денари односно 34 отсто од просечната плата остварена минатата година плус здравстевено осигурување. Средствата во висина од околу четири милиони евра ќе се обезбедат од државниот Буџет.
„За оваа група граѓани ќе важат законските услови за материјално обебзедување во вид на паричен надомест, фирмата од која доаѓаат да е во доминантна државна сопственост, да имаат најмногу 25 години стаж, да не им бил прекинат работниот однос по нивна вина или волја и да го поднесат барањето во рок од 30 дена од донесувањето на законот, изјави премиерот Никола Груевски .Сепак, од Здружението на стечајни работници од Куманово велат дека станува збор за предизборна маниуплација, се сомневаат дека ќе бидат обештетени сите стечајци и бараат обештетувањето да важи за оние кои останале без работа, а се од приватни фирми кои претходно биле приватизирани.
„ Со денешниот прес се потврди нашата претпоставка и тврдење дека исто како и во 2008 година, така и денес, стечајните работници се повторно деградирани, односно, во 2008, Груевски излезе со став дека стечајните работници ќе бидат обештетени. Тоа се случи пред избирите во 2008, но, после излезе дека така нѐ дели на вакви и онакви, и се случи само 960 работници – стечајци да бидат обештетени во тоа време. Воопшто не е точно дека сега ќе бидат обештетени сите три илјади стечајци, ако се земе во предвид неговата најава во 2008 дека ќе бидат обештетени шест до седум илјади стечајци, вели Лилјана Ѓеоргиевска од Здружението на стечајни работници од Куманово.Според Георгиевска, премиерот Никола Груевски ја признал вината грешките направени од минатто кога не биле опфатени сите стечајци, а кои сега со години протестираа по улиците барајќи си ги своите права.
„ Се работи за уште неправда кон стечајците. Пола и повеќе умреа, некои заминаа во пензија, и многу се илјада стечајци дека ќе бидат обештетени наскоро. Куманово и Велес се градови каде нажалост има најголем број на стечајни работници и според нашата евиденција, само во Куманово има околу 2200 стечајци. Меѓутоа, само 11 од нив беа обештетени во 2008 година.Од Здржението најавуваат дека наскоро ќе донесат одлука што понатаму со оние кои ќе останат необештетени.
„Јасно е дека сите нема да бидат повторно обештетени. Имаме фирми кои се уште се во државна сопственост и стечајните постапки се незавршени. Работниците од тие фирми ќе останат необештетени. Се манипулира со јавноста, и се што сака Груевски е да ги заштити нивните привразаници да ги обештети. Крајно, стечајните работници не се виновни. Сите треба да имаат еднаков третман, и тоа по член 32 од Законот за стечај.Стечајците од Куманово најавуваат дека е можно да постават и шатори пред Парламентот и Владата без разлика дали за тоа ќе добијат дозвола или не. Н.С.
Слично
