Решавање на името ќе доведе до промени на политичкиот систем во Грција?
Според претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис прашањето за името може да доведе до одредени промени на грчката политичка сцена.
„Процесот на решавањето на името ќе доведе до големи промени во политичкиот систем, најверојатно по хоризонтална линија. Сепак верувам дека тоа нема да ја смени стабилноста на Владата. Во никој случај нема да се промени состојбата дека дека ќе има големо мнозинство во Парламентот во врска со сложено име, за тоа има и индикации и услови“ - изјави Вуцис во интервју за „Реал фм“.
Овој месец и преговарачот Метју Нимиц ќе дојде во земјава токму поради спорот со името, а во Давос средба имаат македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Повеќето политички партии во Грција излегуваат со своите ставови за името.
