Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Епл ленд“ со инвестиција од пет милиони евра и сто вработувања во Ресен

„Епл ленд“ со инвестиција од пет милиони евра и сто вработувања во Ресен
Инвеститорите од Дубаи кои треба да прават откупен центар во Ресен регистрираа фирма во Македонија  „Епл ленд“. Според најавите, се планира инвестиција од пет милиони во првата фаза, но и вработување на стотина лица. „Започнавме изградба на центар во Ресен за складирање на јаболка. На почетокот планиравме да извезуваме по 2.500 тони, но подоцна бројката ја кренавме на 5.000“,  изјави Абдушамак Насер, еден од инвеститорите во „Шафа Констракшан“, компанијата која инвестира во Македонија. Освен откупниот центар за јаболка и ладолникот, од компанијата се заинтересирани за почнување свој бизнис со јаболка на 60 хектари земјиште. Најави има за инвестиции и во други делови во земјоделството и недвижностите, па дури и за раст на инвестициите до 20 милиони евра. „Покрај со јаболка, планираме работа и со грозје, ги разгледуваме можностите за одгледување добиток и извоз на Блискиот Исток“, изјави инвеститорот Насер. Откупно дистрибутивниот центар треба да биде функционален до крајот на август следната година. Вкупната вредност на извозот кога ќе се завршат двете фази на годишно ниво треба да изнесува до шест милиони евра. Дубајската компанијата „Шафа констракшн“се занимава со изградба на пристаништа заедно со „Дипи ворлд“, најголем оператор на пристаништа во светот, се носители на оваа инвестиција.
Слично

Поврзани вести