„Репро оне лимитед“ годинава ќе собере кајмак од „Факом“!
„Репро Оне Лимитед“ го превзеде „Факом“ скопската индустрија за челични конструкции, во 2006 година.
Најпрво купи 14.600 акции со право на глас од вработени во „Факом“ по цена од 2.450 денари за акција, а потоа го купи и пакетот акции што го поседуваше Фондот за ПИОМ во „Факом“. Со тие две пазарни операции „Репро Оне Лимитед“ стигна до стек од 32 отсто од сите акции во „Факом“.
Согласно аконските прописи, мораше да даде јавна понуда за превземање на сите слободни акции поседувани од други акционери во „Факом“ при што понуди цена од 2.450 денари за акција за 45.027 акции. Со тоа „Репро Оне Лимитед“ стигна до 97,23 отсто сопственост во компанијата.
„Факом“, прв пат по подолг период ќе дели дивиденда на своите акционери. Дивидендата ќе се дели од нераспределената (акумулираната) добивка која изнесува 8,55 милиони евра. За износот ќе одлучат акционерите на собрание.
Слично
