„Репортери без граници“: Судската пресуда за „Фокус“ е несразмерна
Остра реакција на „Репортери без граници“ по последната пресуда за клевета против новинари на весникот „Фокус“ по тужбата на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.
Меѓународната невладина организација фокусирана на заштита на слободата на медиумите силно го осудува „судското малтретирање на „Фокус“, една од последните независни публикации во Македонија“.
„Уште еднаш судот во Скопје го осуди „Фокус“ на несразмерно висока парична казна што, се чини дека има за цел да предизвика затворање на последниот независен неделник во Македонија“, се вели во реакцијата.
На земја рангирана на 116-тото место во последниот Индекс на слободата на светскиот печат, не и треба уште една деградација, посочуваат „Репортери без граници“.
Околу 6.000 евра за клевета и навреда и уште над 3.000 евра за судски трошоци паднаа на товар на згаснатиот дневен весник „Фокус“ по пресудата во судскиот процес за клевета и навреда, што против весникот го покрена Мијалков. Повеќе за пресудата на следниот линк:
И Груевски и Мијалков си ја наплатија душевната болка од клевета
Слично
