Реплек со добивка од 1,7 милиони евра
Веледрогеријата Реплек оствари позитивен финансиски резултат во првите девет месеци од годинава. Приходите од продажба изнесуваат 15,3 милиони евра и во споредба со истиот период лани се зголемени за 7%. Добивката во истиот период изнесува 1,7 милиони евра, што во споредба со истиот период лани е зголемување од 53%.
Според образложението од Реплек, објавено на Македонската берза, позитивниот резултат се должи главно на зголемената продажба на странските пазари, и тоа за 124% во однос на истиот период лани.
Приходите од продажба на домашниот пазар се намалени за 7,7%
Од Реплек објаснуваат дека неконсолидираната добивка на компанијата пред оданочување изнесувала 1,6 милиони евра и во најголем дел произлегувала од пренесената добивка од минатата година на поврзаните друштва, во износ од 1,3 милиони евра.
Слично
