Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реплек“ лани изгубил 2 милиони евра од прометот на домашниот пазар

Реплек“ лани изгубил 2 милиони евра од прометот на домашниот пазар
Позитивно е тоа што на крај на 2014 година „Реплек“ ги намалил обврските за 215 милиони денари, но ги намалил и своите побарувања за 270 милиони денари „Реплек“ лани успеал да ги намали обврските за 215 милиони денари, а истовремено ги намалил и неговите побарувања од купувачите за 269,8 милиони денари. Лани „Реплек“ од продажби инкасирал 1,11 милијарди денари (18 милиони евра) што е 6 отсто помалку од 2013 година. Компанијата за 2014 година книжи добивка од 83,6 милиони денари ( околу 1,36 милиони евра) што е 40 отсто послабо од 2013 година, покажуваат консолидираните финансиски биланси што ги објави компанијата чија основна дејност е трговија со фармацевтски производи и медицинска опрема. Според објавената добивка секоја акција на „Реплек“ носи добивка од 3.226 денари што е потенцијален принос од 5,6 отсто во однос на последната пазарна цена на таа акција. Факт е дека износот на добивка по акција за лани е понизок од претходната година и дека доколку акционерите одлучат да делат дивиденда по акција на ниво од лани ќе треба да посегнат во поголема мерка од акумулираната добивка на „Реплек“ што според билансот на состојба на крајот на 2014 година изнесува 322,4 милиони денари. Според податоците од билансот „Реплек“, кој освен трговија со медикаменти и опрема се занимава и трговија на стоки од широк асортиман и со угостителство, лани на домашниот пазар изгубил 13 отсто и имал реализација од 784,1 милиони денари што е речиси 2 милиони евра помали приходи од 2013 година. Делумно тој „гап“ во продажбата е компензиран со зголемената реализација на странските пазари каде „Реплек“ ја зголемил продажбата за 45 милиони денари. Расходната страна е во координација со намалените приходи од продажба и во споредба со расходите во 2013 година, трошоците за 2014 година се пониски за 92 милиони денари на оперативно ниво. Зголемен раст на трошоците има кај ставките за вработени што веројатно се дложи во одредена мерка на воведената обврска за исплата на популарниот регрес на вработени зашто масата на трошоци за вработени е 8 отсто повисока во однос на 2013 година. Исто така имал благ раст и кај трошоците за набавка на суровини и материјали за 12 отсто. Забележлива и важа за истакнување е тенденцијата на намалување на набавната вредност на стоките и тоа за 16 отсто односно за 94 милиони денари до ниво од 486,5 милиони денари. Овој показател всушност на некој начин упатува на заклучок дека „Реплек“ свесно преку намалување на вредноста на асоритиманот што го нуди веројатно го намалува и обемот на својата понуда на пазарот. Во вакви услови на работа „Реплек“ можеби и нема да исплати износ на дивиденда на ниво од исплатата за лани и за 2013 година кога компанијата исплати вкупно исплати 287,4 милиони денари дивиденда. И за 2013 година и за 2012 година компанијата исплати дивиденда во износ од 3.998 денари по акција. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести