„Реплек“ ќе дели дивиденда од 65 евра по акција
Дивиденда од 65 евра по акција ќе им подели на акционерите фармацевтската компанија „Реплек“ од добивката остварена во 2013 година. Освен ова, компанијата одвои и околу 80 илјади евра за награди за вработените.
Компанијата има издадено вкупно 25.920 обични акции. Четворица акционери имаат сопственост поголема од 5% од вкупно издадените акции.
„Реплек“ за ланската година оствари добивка по оданочување од околу 2,1 милиони евра.
Слично
