Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реплек има „лек“ за акционерите - Какви дивиденди ќе се делат?

Реплек има „лек“ за акционерите - Какви дивиденди ќе се делат?

Фармацефтската компанија Реплек на одржаното Собрание на акционери ги донесе најважните одлуки на друштвото, меѓу кои и таа за распределба на добивката во дивиденди за акционерите. „Лекот“ од Реплек е по 4000 денари нето за една акција, или 4444 денари бруто со пресметан персонален данок, што е сосема солиден дивиденден принос за акционерите на друштвото.

Според одлуките на Собранието на акционери, Реплек АД Скопје донесе одлука за распределба на добивката од 2017 година за дивиденди, како и на акумулираната добивка за персонален данок и дивиденди.

Така 87,3 милиони денари од акумулираната добивка ќе „легнат“ на сметките на акционерите. За данок на добивка за исплата на акумулирана добивка од 2013 година се издвојуваат 3,2 милиони денари. Од добивката за тековната година согласно завршната сметка за 2017 ќе се распределат 27,8 милиони денари за дивидени и персонален данок. 

Исплатата на дивидендите ќе се изврши на 19 април, со тоа што на 18 април е првиот ден на истргувани акции без право на дивиденда, а последен ден на истргувани акции со право на дивиденда е 17 април годинава, согласно дивидендниот календар на Реплек АД Скопје. 

Слично

Поврзани вести