„РЕПЛЕК“ ГО ИСПЛАТИ И ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ДИВИДЕНДАТА - акционерите подмирени во целост
Компанијата „Реплек“ до Берзата испрати ценовно чувствителна информација, со која ја информира јавноста дека исплатила втор дел од дивидендата, во износ од 50 отсто од дивиденда по акција, со штпо велат, дивидендата е исплатена во целост.
„Известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
‚Реплек АД' на ден 30.06.2021 година изврши исплата на втор дел од дивиденда во износ од 50 отсто од износот на дивиденда по акција согласно Одлуката за распределба на добивката по годишната сметка на Реплек АД за 2020 година со бр. 02-1675/1 од 08.04.2021 година. Со оваа исплата, дивидендата согласно Одлуката за распределба на добивката по годишната сметка на Реплек АД за 2020 година со бр. 02-1675/1 од 08.04.2021 година е исплатена во целост.
Се известуваат акционерите кои ги немаат доставено потребните податоци за исплатата на дивидендата да ги достават до Реплек АД“, се вели во ценовно чувствителната информација од „Реплек“ испратена до јавноста преку Берзата.
