Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Реплек“ гази во првото полугодие! Извозот зголемен за 18%, продажбата дома пораснала 34%

„Реплек“ гази во првото полугодие! Извозот зголемен за 18%, продажбата дома пораснала 34%

Извозот на половина година достигна 12,5 милиони евра, а продажбите на домашниот пазар изнесуваат 3,9 милиони евра. Вкупната продажба за првото полугодие е зголемена за 22 отсто

Големата македонска фармацевтска компанија – скопски „Реплек“ објави многу охрабрувачки вести за актуелните акционери, но и за сите потенцијални инвеститори.

Вкупната продажба на „Реплек“ во првите шест месеци годинава достигнала 16,4 милиони евра и е за 2,9 милиони евра повисока од истиот период претходната година. При тоа „Реплек“ успеал да го зголеми извозот за 18 отсто и тој изнесува 12,5 милиони евра. На домашниот пазар во овој период компанијата пласирала лекови, медикаменти и други продукти во вредност од 3,9 милиони евра што е за 34 отсто подобро од претходната година.

Годинава,од ланската добивка „Реплек“ на сите свои акционери им исплати дивиденда во бруто износ од 400 денари. И тоа е за 33 отсто подобар резултат од претходната дивиденда што ја исплати оваа фармацевтска индустрија.

Вредно да се истакне е тоа што „Реплек“ годинава стави во функција инвестиција во производството вредна 2 милиони евра. Станува збор за производствен блок што за 25 отсто го зголеми капацитетот за продукција односно блистирање, пакувањеи серијализација на продукти.

Повеќе детали за работењето на „Реплек“ може да се најдат на оваа локација https://seinet.com.mk/document/73571

Во врска со работењето на компанијата за првите три месеци годинава повеќе информации има на следниот линк https://faktor.mk/neto-dobivka-od-bezmalku-eden-milioni-evra-za-tri-meseci---kako-porasna-profitot-na-replek-za-147-otsto

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести