Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рено ќе ги продава своите акции во Русија за една рубља

Рено ќе ги продава своите акции во Русија за една рубља

Рено преговара за продажба на својот удел во рускиот производител на автомобили АвтоВАЗ на рускиот институт за автомобилска наука (НАМИ), потврди рускиот министер за трговија и индустрија Денис Мантуров, пренесува АФП.

Според Мантуров, трансакцијата би била „симболична - за една рубља“ и би се однесувала на погонот на француската групација во близина на Москва, која произведува автомобили Нисан и Рено.

„Најверојатно, нашиот централен институт НАМИ ќе ги преземе акциите“, додаде Мантуров. Тој исто така изјави дека Рено „ќе има опција од пет или шест години во кои ќе може да одлучи да ги откупи своите акции“.

Рено контролира 68 отсто од акциите на АвтоВАЗ, најголемиот руски производител на автомобили Лада, водечки бренд на рускиот пазар.

Според Мантуров, идната насока на АвтоВАЗ ќе ја определи НАМИ, во соработка со рускиот воено-индустриски конгломерат Ростек, уште еден акционер во компанијата.

Русија е вториот најголем пазар на Renault Group во светот, зад Европа, со речиси 500.000 продадени возила во 2021 година. Меѓутоа, самото присуство на таа група во Русија стана комплицирано по започнувањето на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Рено е цел на украинските власти поради неговите активности во Русија, а се соочува, како и другите, со логистички проблеми поради недостигот на увозни компоненти, предизвикани од санкциите на Западот, што ги доведува во опасност производствените капацитети на групацијата.


Слично

Поврзани вести