Рен: На Франција и се потребни реформи, а не штедење
Европскиот комесар за економија и финансии Оли Рен денеска изјави дека на Франција и се потребно дополнителни реформи, а не дополнително штедење, предлагајќи постепено фискално прилагодување.
- Дополнителни мерки за штедење не се неопходни. Но, и понатаму официјална цел е јавниот дефицит да биде три отсто од бруто домашниот производ, посочи Рен.
Францускиот Завод за статистика вчера ја доведе под знак прашалник владината прогноза за економски раст за 2013 година, која изнесува 0,8 отсто. Владата планира следната година да го намали јавниот дефицит од 4,5 на три процени од БДП.
Слично
