Рен: Грција ќе ја добие следната транша до ноември
Следната транша од 31,5 милијарди евра од меѓународниот спасувачки пакет најдоцна во ноември, очекува да добие Грција, изјави денеска еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.
- Грција требда да исполни низа мерки за фискална консолидација и структурни реформи пред нејзините меѓународни кредитори да можат да го завршат извештајот за напредокот, отворајќи си пат за доделување на следната транша, посочи Рен по средбата со министрите за финансии на Европската унија.
За продолжување на мисијата на кредиторите на Грција Рен истакна дека „многу блиску е до завршување на преговорите и до договор на експертско ниво“
Слично
