Ременски: Трошоците за живот растат повеќе од пензиите
Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски на дешната посета во Струмица, потенцираше дека е неопходно усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот.
-Кога зборуваме за релната грижа за пензионерите имаме во предвид дека треба многу да се вложува за да се подобри реалната позиција на пензионерите. Пред се мислиме на враќање на годишното услогласување на пензиите со растот на трошоците за живот. Ако се сеќавате тоа беше два пати во годината јануари и јули месец. Од пред 3 години имаме номинално зголемување на пензиите односно целата маса на пензии за 5% и линеарна исплата на покачување на пензија од 500 денари за што сметаме дека не е согласно принципот на еднаквост во однос на висината на корисниците на пензии, изјави Ременски.
Таа рече дека тие планираат да го вратат законскиот основ за два пати усогласување на пензиите во текот на годината што ќе придонесе за раст на пензиите во текот на годината за повеке од 600 денари како што е во моментот.
