Ременски со тужба против Спасов-Тврди дека работел несовесно !
Заменик министерот за труд и социјална политика несовесно ја вршел работа, тврди министерката Фросина Ремнски која најави тужба против Диме Спасов.
Ременски одлучила да поднесе кривична пријава потенцирајќи дека Спасов не одлучувал по жалби на повеќе од 1.400 граѓани корисници на социјална парична помош.
Ременски тврди дека Спасов го пренел ова прво на лице кое законски нема надлежност и право да решава предмети кои се во управна постапка.
Кривична пријава ќе добие и поранешната пратеничка Сузана Андонова, службеничката на пробна работа во министерството кој одлучувала по жалбите.
Слично
