Ременски: Слободарската идеја има поголем домет од копјето на Александар и трајноста на стиропорните фасади!
Почитувани пријатели ..., не се мачете со аргументација за тоа дали нашите оставки биле условени или не, дали одлуката е законска или не ... Владеачката булимента и квази институциите покажаа дека за нив правото е право кога само ним им служи и ги штити во беззаконие ... Нашата битка за слободата, правдата и еднаквоста не започнаа ниту кога не избраа за министри, ниту пак ќе заврши откако не сме ! Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што човек таков се раѓа и таков умира ! Слободољубивоста е ген со кој се раѓаат сите антифашисти, затоа што само со тој вроден идеал човек може да го препознае и да се бори против окупатори, узурпатори и диктатори ..., тоа не се учи, тоа се живее ! Оној што не може да го препознае подемот на неофашизмот во време во кое светот ита кон современието нема проблем со сопственото зло и незнаење, туку со оние кои се борат и за нивната слобода ! Нашата историска мисија за РМ започна и ќе заврши тогаш кога сите ние, но и родените денес ќе ја читаат и изучуваат историјата што се испишува денес, за да посведочи дека дострелот на денешнава слободарска идеја има поголем домет од копјето на Александар и трајноста на стиропорните фасади! Ова време на непокор ќе сведочи за судирот на две визии за иднината на Македонија - онаа слободарската и онаа криминалната! Изборот е наш. Ќе го направиме за себе и за нашите деца. Нелицемерно, храбро и одважно, зошто сето поинаку е изговор за неспособноста да се каже не на домашниот окупатор кој бара да се трае и трае ... И нема да ни биде виновен никој, ако не успееме сите заедно да ја вратиме слободата и да си ја зачуваме Македонија! Затоа оставете ги жалбите, поплаките, искрените и лицемерните пофалби и комплименти ... Ова време не е време на суети, политички величини и премерување на превласт и симпатии на терен ... Ова е многу повеќе од политика, ова е многу повеќе од борба за симнување на мафијата и квазипатриотите од власт - Ова е антифашистичка борба за цивилизацискиот идел - СЛОБОДАТА под историската парола СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ ! Македонија ќе застане на нозе и ќе се врати на колосекот на демократијата и плурализмот, само кога граѓаните ќе сфатат дека борејќи се против оваа власт вложуваат во својата и иднината на своите деца ! Тој влог е немерлив и бесценет !
