Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ректорската управа на вонредна седница, Студентскиот пленум на собир

Ректорската управа на вонредна седница, Студентскиот пленум на собир

Студентите ќе организираат собир пред ректоратот на универзитетот „Кирил и Методиј“ утре наутро, за кога е закажана вонредна седница на ректорската управа.

Вонредната седница е закажана по критиките од студентите дека Универзитетот, мора да ги осуди нелегалните избори за студентски претседател. Од студентскиот парламент се бара итно детално објаснување за сите околности и случувања поврзани со студентските избори. Студентите очекуваат сите професори, членови на универзитетскиот сенат да ги осудат изборите и да побараат одговорност од студентскиот парламент. Изборите за студентски лидер кои се одржаа на 30 јуни поминаа со многу неправилности. Студентскиот Парламент сепак одлучи да спроведе избори, за кои писмено соопшти дека за нов лидер е избран Давор Поповски, кој освоил 3.851 гласови.

Слично

Поврзани вести