Ректорот на УКИМ чека да го види на писмено планот за екстерното
Ректорот на Универзитетот „Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски вели дека ќе почека најпрвин од Министерството за образование да види конкретен предлог за планираното екстерно тестирање на факултетите, а потоа ќе се изјасни.
Тој ова го изјави по денешната седница на универзитетскиот Сенат, на која студентите побараа поддршка од професорите против планираното воведување на новите државни испити во високото образование.
Стојковски прими двајца претставници на студентите кои денеска протестираа пред Ректоратот, барајќи поддршка за да се премисли ресорното Министерство и да се принуди да се откаже од овој чекор.
„Ние писмено се обративме до министерот да ни го достави предлогот во писмена форма. Во оној момент кога ќе го добиеме предлогот во писмена форма како што е редот посотојат органи како што се сенатот и наставно - научните совети на факултетите, ќе поведеме јавна расправа ќе дебатиреме и ќе го дадеме своето мислење. Навистина неможе да дадеме мислење за нешто што не знаеме како би изгледало“, вели Стојковски.
Според досегашните најави, Министерството предвидува воведување на два екстерни теста - во втора и во четврта година од студиите, а без да ги положи нив, студентот нема да може да го продолжи високото образование и да дипломира.
Слично
