РЕКТОРАТОТ НА УКИМ БЛОКИРАН: Студентите бојкотираат нелегален избор на ректор
Пред околу еден час студентите го блокира ректоратот на УКИМ.
Тие сметаат дека бојкотот е единствен начин да не се избере нелегалниот и нелегитимниот избор на нов Ректор, а како што посочуваат ова го прават заради корумпираните студентски претставници во Сенатот.
„Неопходно е изборот на Ректор да се направи после демократски избори на студентите, бидејќи целиот Универзитет носи одговорност за начините на кои ги вклучува студентите во сите тела на одлучување, како и за донесување на законити одлуки, особено при одлуката за избор на Ректор на овој универзитет“, споделија од Студентскиот пленум викендов.
Денеска треба да се знае кој ќе победи во трката за нов ректор а кандидати се универзитетските професори Ненад Новковски и Никола Јанкуловски.
Студентите велат дека се одлучни и нема да заминат се додека нивниот глас не биде слушнат.ФОТО:РадиоМоф
