Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКОРДНО ЗАГАДУВАЊЕ: Во Македонија како во гасна комора

РЕКОРДНО ЗАГАДУВАЊЕ: Во Македонија како во гасна комора

Енормно загадување на воздухот беше измерено Викендов во Скопје, но и во други градови во Македонија.

Во Тетово на пример, денеска загадувањето на воздухот беше 12 пати над максималната дозволена граница. Од тетовското граѓанско движење „Еко-герила“,тврдат дека во последниве три години заболувањата од рак на белите дробови во Тетово се зголемени дури за 80 отсто.

Со загадениот воздух мака мачат и скопјани, каде викендов концентрацијата на честичките прашина ПМ-10 беше 10 пати над дозволеното ниво.

Битола исто така, е во првите три најзагадени градови во Македонија. Битолчани со годинин се трујат од чадот на РЕК.

Граѓанското здружение „За нас се работи“ од Битола денеска испорача платформа „Петка за Битола“ која содржи пет итни мерки за намалување на загадувањето во градот, со што ќе се намали бројот на заболувања кои се последица на загадениот воздух.

И додека граѓаните секојдневно се трујат од загадениот воздух, за политичките партии ова беше само уште една шанса за препукување и докажување кој колку се грижел за здравјето на народот.

Енорното загадување беше повод за опозициската СДСМ да ја обвини власта дека се расфрла со пари за споменици и за реклами, додека граѓаните дишат отров наместо воздух.

Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот. Според официјалните податоци загадувањето во Скопје е речиси 10 пати над дозволеното. Во Битола и Тетово честичките ПМ-10 се фрапантни 12 пати над дозволеното, а во Кичево 5 пати повисоки. Груевски потроши 630 милиони евра за споменици во Скопје, додека граѓаните се задушуваат во нечист воздух. Неговите политики го уништуваат здравјето на граѓаните“, обвинија од СДСМ.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, одговорија дека тие презеле многу мерки за подобрување на состојбите со загадениот воздух, за разлика од опозицијата која не сторила ништо додека била на власт.

„СДСМ упорно бега од одговор на прашањето каде беа мерните станици за загадување на воздухот од нивно време? СДСМ треба на јавноста да ~ одговори зошто не може да се направат споредби со периодот пред 2006 година за ефектите од мерките што се преземаат. Дали СДСМ може да наброи еден проект на Љубомир Јанев и Зоран Шапуриќ кои служеа како нивни министри за животна средина? Граѓаните не паметат, бидејќи такви проекти немаше“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кога државата нема конкретна идеја за да го реши проблемот со загадениот воздух, ви предлагаме неколку начини како сами да се заштитите.

[button color="orange" size="small" link="http://faktor.mk/2015/11/09/eve-kako-da-se-zashtitite-od-zagadeniot-vozduh/" target="blank" ]Еве како да се заштитите од загадениот воздух[/button]

Слично

Поврзани вести