Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекордно топла зима во САД

Рекордно топла зима во САД
Просечната температура оваа зима во САД била скоро 5 степени повисока од вообичаеното. Оваа зима се регистрирани рекордно високи температури и врнежи во САД и  била најтоплата зима откако се води статистика. Причината е истовременото дејство на климатскиот феномен "Ел Нињо" во тропските предели на Пацификот и глобалното затоплување, објавија од Американското управување за океанографски и атмосферски истражувања. Просечната температура во САД во периодот декември-февруари била 2,67 степени Целзиусови. Тоа е за  речиси 5 степени повеќе од вообичаеното за овој период од годината. Претходниот температурен рекорд беше поставен во текот на зимата на 1999-2000 година. Интересно е дека и покрај топлата зима, во североисточните држави во јануари паднаа рекордни врнежи.
Слично

Поврзани вести