Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Рекордно силен ветер во Љубљана откорна покриви и повреди луѓе

(ВИДЕО) Рекордно силен ветер во Љубљана откорна покриви и повреди луѓе

Силно невреме ја зафати словенечката престолнина Љубљана, каде дуваше ветер со брзина од над 100 км/ч. Ова се смета како рекорд, затоа што досега не е забележан ветер со таа брзина. 

Ветерот однесе неколку покриви и паднаа многу дрвја низ градот, а има и полесно повредени лица. Силниот ветер урна и дел од градежното скеле во центарот на главниот град, а низ воздухот летаа парчиња градежен материјал.

Невреме од северниот дел на Јадранот околу 14:30 часот се прошири во Љубљана, а потоа бурата се префрлила кон Австрија, јавуваат тамошните медиуми.

Од Љубљанската противпожарна бригада информираат за 114 интервенции. Невреме со силен ветер деновиве имаше и во Македонија. 

foto N1 Slovenija


Слично

Поврзани вести