Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКОРДНИ БРОЈКИ: Турција очекува голем број мигранти

РЕКОРДНИ БРОЈКИ: Турција очекува голем број мигранти

До 600 000 мигранти се очекува да пристигнат од Турција на Балканот и оттаму во Европа во следните четири месеци, со што нивниот поток ќе се задржи и во текот на студените зимски месеци, соопштија од ОН.

„Помеѓу ноември 2015 година и февруари 2016 година Агенцијата за бегалци на ОН очекува да има во просек 5000 нови пристигнати на ден од Турција, како резултат на што ќе има до 600 000 новодојдени во Хрватска, Грција, Србија, Словенија и Република Македонија“, соопштија од агенцијата.

ЕУ исто така ги претстави своите прогнози за протокот на луѓе за следните две години. Според Брисел во периодот 2015 година - 2017 година 3 милиони мигранти ќе пристигнат на континентот.

Во исто време германските власти соопштија дека бројот на пристигнатите мигранти на нивна територија од јануари до октомври е веќе 758 000 луѓе. Според податоците на Министерството за внатрешни работи еден на секои три лица е Сириец.

Само во месец октомври во Германија пристигнале 181 000 мигранти, претекнувајќи го досегашниот месечен рекорд за 163 000 луѓе, поставен во септември.

Слично

Поврзани вести