Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекордна стапка на невработеност во Хрватска во последните 10 години

Рекордна стапка на невработеност во Хрватска во последните 10 години

Стапката на невработеност во Хрватска во јануари достигна 21,9% што преставува највисоко ниво регистрирано во последните 10 години. Ова го покажуваат последните објавени податоци од Државниот завод за статистика на Хрватска.

Во декември минатата година стапката на невработеност изнесувала 21,1%, а нејзиниот натамиошен раст бил очекуван, бидејќи, според податоците на Хрватскиот завод за вработување, кон крајот на јанаури биле регистрирани околу 372.000 невработени лица, 3,8% или 13.800 лица повеќе отколку еден месец претходно.

Скокот на стапката на невработеност на највиското ниво од јули 2002 година, кога изнесуваше 22 отсто, е последица на долгогодишната рецесија, стечаите или реструктурирањето на многу фирми, но и на структурните проблеми, односно неусогласеноста на понудата и побарувачката на пазарот на трудот, наведуваат аналитичарите во анкетата на агенцијата Хина

Слично

Поврзани вести