РЕКОРДНА НЕВРАБОТЕНОСТ: Oд Втората светска војна вакво нешто не се случило во Австрија
Се зголемува невработеноста во Австрија.
Месецов бројот на невработени се искачи на 517.122, што е за дури 174.000 поголем од истиот месец лани.
Ова е рекорден број невработени, кој Австрија го немала уште од Втората светска војна.
На 13 април, се регистрирани 588.234 лица без работа, по што почнува трендот на намалување.
Стапката на невработеност сега е 11,5 отсто, а натпросечно висок раст на невработени има кај младите со 103,8 проценти и кај лицата без австриски пасош со 90,2 отсто раст.
Невработеност се зголеми во Италија, Германија, Шпанија.
Слично
